петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 84 ново

Напаѓачот од Тајмс сквер боледува од психичко растројство

time sk

Њујоршката полиција го уапси лицето што синоќа со својот автомобил влета во група пешаци на Тајмс сквер во центарот на Њујорк и при тоа загина еден тинејџер, а уште 23 лица се повредени. Напаѓачот е 26-­годишниот Ричард Рохас од Бронкс, кој за време на сослушувањето изнел многубројни вознемирувачки факти.

Рохас првично навел дека слуша гласови и дека очекува дека ќе умре. По апсењето е однесен во њујоршката полициска станица каде што е тестиран за алкохол и за дрога. Се утврдило дека нема алкохол во крвта, додека резултатите од тестот за дрога сè уште се чекаат.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио истакна дека уапсеното лице е американски државјанин, кој е поранешен припадник на морнарицата на САД. Американските власти соопштија дека Рохас минатата година е уапсен поради тоа што му се заканувал на нотар со нож тврдејќи дека тој го украл неговиот идентитет.

Во таа околност, тој пред амерканската полиција кажал дека го следат. Њуроршката полиција го исклучи тероризмот како причина за нападот.

Top