четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 101 ново

Американците ја вразумија албанската опозиција

133701052-1
Aлбанските политички партии постигнаа компромис за изборите следниот месец, по интензивното посредување од страна на висок американски претставник.

По тричасовниот разговор премиерот Еди Рама од владејачката Социјалистичка партија и Љуљзим Баша од главната опозициска Демократска партија изјавија дека постигнале спогодба.

Американскиот заменик-помошник државен секретар Хотј Брајан Ји им даде во понеделникот предлог од европските пратеници како база за преговорите.
Двајцата лидери изјавија по средбата дека деталите од спогодбата ќе бидат дефинирани во следните 24 часа.

Спогодбата веројатно ќе ги одложи парламентарните избори, кои се закажани за 18 јуни.

Опозицијата ја бојкотира работата на Парламентот од февруари и одби да се регистрира за изборите, тврдејќи дека кабинетот на Рама ќе врши нерегуларности на изборите.

Top