недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

Богоевски нема да гласа за владата на Заев (ВИДЕО)

pavle bogoevski
Гости во дебатната емисија „Само вистина“ во Дневникот на „Канал 5“ денеска беа Богдан Илиевски, еден од организаторите на Граѓанското движење за заедничка Македонија, и Павле Богоевски, пратеник од СДС, еден од организаторите на „Шарената револуција“.

На постојаното инсистирање на Богоевски дека не го признава легитимитетот на претседателот Ѓорге Иванов, Илиевски возврати со прашањето дали ќе гласа за валадата која ќе биде составена со мандат доделен од нелегитимен претседател.

Илиевски: Дали сметаш дека Ѓорге Иванов е нелегитимен претседател на Република Македонија?

Богоевски: Да.

Илиевски: Дали ќе гласаш за владата на која ѝ е доделен мандат од претседателот кој не е легитимен за тебе?

Богоевски: Не.

Top