сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 33 ново

Активистка на Самоопределување ја нападна косовската амбасадорка во САД

timthumb (1)Активистка на косовското радикално движење Самопоределување ја нападнала амбасадорката на Косово во САД, Вљора Читаку, додека држела предавање на Унверзитетот во Денвер.

Читаку на својот профил на Фејсбук објави дека била нападната во присуство на поранешниот американски амбасадор во неколку земји во белканскиот регион Кристофер Хил, кој имаше посредничка улога во надминување на конфликтите на Балканот во 90-те години на минатиот век.

Според Читаку, за време на предавањето активистката на Самоопределување и поставила прашање за смртта на членот на оваа партија Астрит Дехари, кој лани во ноември почина во затвор во Призрен под неразјаснети околности, по што почнала да ја навредува и ја нападнала.

Top