недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 74 ново

Карлеуша фатена во лага: Пејачката тврди дека никогаш не пеелa во кафана, но пеела и тоа во Скопје (галерија)

Јелена Карлеуша повеќе пати јавно тврдеше дека никогаш не пеела по кафани. Но членовите на македонската фолк група Кис ми, ја демантираа објавувајќи заедничка фотографија со Јелена од заеднички настап за кој тврдат дека е во ресторанот “Хиподром” во Скопје.

caki-650x416

karleusa-484x650

Српската фолк дива Јелена Карлеуша е една од оние пејачки која упорно тврди дека никогаш не пеела по ресторани и кафеани, туку своите настапи ги започнала по дискотеките и ноќните клубови. Но, очигледно Карлеуша не ја говори вистината кога го тврди тоа. Зошто ако коза лаже- рог не лаже, велат старите, па  оваа фотографија го потврдува токму спротивното. Цицлестата пејачка и тоа како пеела во кафеана и тоа овде кај нас, во Македонија!

Членовите на македонската некогаш ултрапопуларна турбофолк група „Кисми“ ја демантираа и и’ објавија фотографија од 1998 година за која тврдат дека е сликана во ресторанот „Хиподром“ во Скопје, а е направена пред заедничкиот настап на бендот и тогаш малку познатата српска пејачка.

 

извор: Естрада плус

Top