петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 111 ново

Изложбата „Поврзување“ за „Ноќта на музеите“ во Пловдив

Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија во рамките на програмата за Ноќта на музеите во Пловдив, ќе ја претстави  ликовната изложба “Поврзување”.
Во репрезентативниот простор на “Балабановата Куќа” со педесетина дела ќе бидат претставени ликовните уметници Маријана Иванова (плакат) Марјан Ѕин (масло на платно), Зоран Мише (графика), Перица Георгиев -Пепси (масло на платно), Иван Стоименов (скулптура), Горан Тричковски (графика), Слободан Милошески (скулптура), Павел Целкоски (графика) и Иво Пецов (масло на платно).
------ ---- --------------
Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, Општинскиот институт “Стар Пловдив” и Организациониот одбор “Пловдив-Европска престолнина на културата 2019”, веќе трета година по ред соработуваат на заеднички проекти, во 2015 година исто така на Ноќта на музеите, а минатата година со проект-изложба по повод Денот на Франција-14 јули.
Изложбата ќе ја претстават и отворат Васко Шутаров од име на КИЦ на Р. Македонија во Софија и Димитрина Петрова од име на Општинскиот институт “Стар Пловдив”.
Top