недела, 20 август 2017 | Вести денес: 80 ново

Интер бара нов тренер, фокусот е на Жардим?!

zardim

Италијанскиот калчолигаш Интер продолжува со потрага по нов тренер за следната сезона. По заминувањето на Пиоли, јасно е дека „неароаѕурите“ ќе имаат нов предводник, но засега немаа многу среќа и успех во преговорите за ангажман на нов стратег.

Откако беа одбиени од Диего Симеоне и Антонио Конте, а се споменуваа и Маурицио Покетино и Томас Тухел, сега фокусот на раководството на Интер е насочено кон Леонардо Жардим. Овој португалски тренер ја освои шампионската титула во Франција со Монако, па изби во прв план и за нов шеф на стручниот штаб на клубот од „Џузепе Меаца“.

Жардим е под закрила на суперагентот Жорге Мендеш, кој во Интер ќе го доведе и дефанзивецот Пепе од Реал Мадрид, па можно е оваа соработка да вроди со плод. Сепак, Жардим со Монако би играл во Лигата на шампионите, додека Интер ќе ја нема таа чест во новата сезона.

Top