среда, 26 јули 2017 | Вести денес: 40 ново

Груевски: Новата инвестиција „Чагатај кабло“ ќе вработи 200 луѓе

gruevski

Турската компанија од автомобилската индустрија „Чагатај кабло“ за месец и половина ќе почне со изградба на капацитет во Македонија, инвестиција вредна 6 милиони евра со која ќе се овозможи директно вработување на 200 лица, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Договорот за инвестицијата се потпиша вчера, а градбата ќе почне во јули и ќе се протега на 6.700 метри квадратни.  Компанијата ќе инвестира 6 милиони евра  и ќе овозможи вработување на 200 луѓе во првата фаза, а размислуваат и за втора фаза. Истата компанија во Турција има фабрика која се протега на 14.000 метри квадратни – рече Груевски по денешната обиколка на пречистителната станица во Волково, општина Ѓорче Петров.

caga

Компанијата, додаде, ќе призведува кабли и други електрични инсталации за автомобили, автобуси, возила во градежниот сектор и други возила и механизација.

– Најголем добавувач ќе им биде компанијата „Ванхол“ која ја привлековме од Белгија да инвестира во Македонија, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека „Ванхол“ е магнет за привлекување и на други странски компании во земјава.

Top