петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Нема притвор за Кочан, судот прифати гаранција

kocan

Бизнисменот Сеад Кочан нема да оди во притвор. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на неговиот адвокат Никола Додевски и донел одлука на Кочан да му биде одредена парична гаранција од  875.298,56 евра, да му биде одземен пасошот и да му се наметне обврска да се јавува еднаш неделно во судот, се наведува во денешното соопштение од скопскиот Кривичен суд.

Ваквата одлука Судот ја донел поради влошената здравствена состојба на Кочан, а како неоснован го одбил предлогот на Специјалното јавно обвинителство да му биде одреден притвор на бизнисменот поради опасноста да влијае врз сведоци или, пак, да го повтори делото.

Постапувајќи по предлог на СЈО, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје вчера одржа нејавно рочиште на кое, како што е наведено во соопштението, се произнесоа претставник на обвинителството и одбраната во однос на предлогот на СЈО.

– Осомничениот кој веќе еднаш беше сослушан пред овој суд не беше присутен на вчерашното рочиште, а за неговата здравствена состојба на барање на судот, Универзитетската клиника за кардиологија – Скопје достави известување во кое стои дека осомничениот е хоспитализиран на нивната клиника од 14.05.2017 година и притоа ден пред закажаното рочиште, односно на 16.05.2017 година, му бил имплантиран стент. Па од тие причини го известиле судот дека Кочан не е во состојба да присуствува на закажаното рочиште- стои во соопштението.

Top