понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 35 ново

Млад скопјанец прегазил старица на тротоар

Вчера околу 15,00 часот во Скопје на ул.„Финска“ се случила сообраќајна незгода во која додека Д.С. (81) од Скопје се движела на тротоарот, била удрена од возило„голф“ со скопски регистерски таблици управувано од М.А. (18) од Скопје.

По незгодата Д.С. со возило на Брза помош била пренесена во Ургентниот центар во Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на неколку ребра, карлица и потрес на мозокот) и била задржана на понатамошно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top