среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Тиранската платформа за албанските партии е жива и ќе биде спроведена во програмата на идната влада (ВИДЕО)

Зоран Заев вчера поднесе гаранции до претседателот Ѓорѓе Иванов со кои тој, меѓу другото, требаше да гарантира дека нема да ја прифати тиранската платформа како услов за владино коалицирање, а веднаш потоа замина во движењето Беса на консултации за владина програма.

Иако претходно велеше дека „нема платформа, туку има владина програма“, која во обид да го амортизира незадоволството кај народот, ја презентираше својата програма, Заев вчера призна дека наскоро ќе биде составена владината програма во која ќе биде содржана и тиранската платформа.

Вчеравечер сите партии партнери на Заев на македонските Албанци во дебатна емисија потврдија дека тиранската платформа е жива и дека таа ќе биде дел од владината програма што Заев треба да ја спроведе.

Реџаил Исмаили е пратеник на ДУИ. Тој дури на двапати потврди дека таа ќе е дел од владината програма.

„Секако дека е, јас ви кажав и претходно. Декларацијата е жива и ќе биде дел од програмата на новата влада“.


И партискиот функционер од Беса Љуљзим Алиу ги зацврсти ставовите на сите политички партнери на Заев дека тиранската платформа е жива.

„Без сомневање, да. Декларацијата на албанските партии е жива“.


Сирија Рашиди е пратеник од паријата на Села, директно прашан „дали е сè уште жива албанската платформа“, тој одговори „Секако дека е жива“. Притоа Рашиди нагласувајќи дека нема конечна одлука за учество во власта, партијата ќе го уценува Заев со исполнување на тиранската платформа.

„Ние немаме донесено дефинитивна одлука дали ќе бидеме или не дел од новата влада“- вели Рашиди.

Како што е познато, и досега, додека Заев лажеше дека не по стои тиранска платформа, неговите коалициски партнери не само што тоа го потврдуваат туку и ги открија сите детали што се бараат  со неа, како што се бинационална држава, прогласување на Македонците за геноциден народ, промена на името и симболите на државата и на македонскиот народ.

Top