недела, 25 јуни 2017 | Вести денес: 66 ново

Со нож избоден вработен вo позната скопска сендвичарница

Ноќеска во 04.30 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Кеј 13 Ноември“, поточно во позната сендвичарница која работи и доцна навечер, вработениот З.Б. (27) од Скопје бил прободен со нож во пределот на стомакот.

Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде што дежурниот лекар не се изјаснил за карактерот на повредите, а најверојатно над истиот ќе се изврши хируршка интервенција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Top