петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Попоски на 127. сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа

nikola-poposki

На 18 и 19 мај 2017 година во Никозија ќе се одржи министерската сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ), под претседавање на Кипар.

На сесијата ќе учествува и делегација од Република Македонија, предводена од потпретседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски.

Претставниците од земјите-членки на Организацијата ќе ги разгледаат состојбите и актуелните предизвици, кои се приоритети на Советот на Европа, меѓу кои: борбата против тероризмот, мигрантската криза, конфликтите и кризите во Европа и улогата на Советот на Европа, како и обезбедување долгорочна ефективност на Европската конвенција за човекови права.

На сесијата, претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа од Кипар ќе го преземе Чешката Република, која ќе претседава до ноември оваа година.

На агендата на шефот на македонската дипломатија се планирани и повеќе билатерални средби.

Top