петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 111 ново

Црна среда на Волстрит

Поради политички вознемирувања во Вашинготн по контроверзните потези на претседателот Доналд Трам се случи рекорден пад на Њујоршката берза.

Вредноста на акциите на Волстрит нагло падна поради стравувањата на инвеститорите од она што допрва ќе се случи во врвот на американската држава и заради тоа што Трамп би можел да ја смени својата најавена политика во прилог на бизнисот.

Ова е најголем пад на Волстрит од сепмтември минатата година, со што е завршено невообичаениот долг период на релативен мир на берзата и покрај промената на владата минатата и почетокот на идната година.

Банките чија вредност на акците растеа од ноемвриските претседателски избори во САД сега се најголеми губитнички, а меѓу нив се и акциите на „Банката на Америка“ кои загубиле дури 5,9 отсто од вредноста.

Индексот на „Стандард и Пурс 500“ загуби 43 поени или 1,8 отсто од вреднста и падна на 2.357. Индексот на „Дау Џонс индастријал авериџ“ загуби 372 поени или 1,8 отсто и падна на 20.606.

Акциите на малите компании кои би требале да имаат најголема корист од намалување на данокот кој го предлага Трамп загуббиле повеќе вредност од другите на пазарот.

 

Top