вторник, 17 октомври 2017 | Вести денес: 61 ново

Одбојкарската репрезентација добива нов селектор, Балтиќ ќе го менува Желјасков

dragutin baljic

Словенечкиот одбојкарски тренер Драгутин Балтиќ ќе седне на селекторското место на репрезентацијата на Македонија.

Тој на клупата го наследи Бугаринот Николај Желјасков, а треба да ја продолжи мисијата на своите претходници, кои во изминатите три години освојуваа медали во Европската лига.

Со Балтиќ ќе се тргне силно во новата сезона од ова натпреварување. Се работи за тренер кој има добри резултати зад себе. Има победувано во Купот на ЦЕВ, но и во Челинџ-купот, така што се очекува да го донесе овој успех со себе и во репрезентацијата на Македонија. Покрај тоа, зад себе има трофеи и во првенствата на Словенија, Швајцарија и на Азербејџан, а досега бил селектор и на репрезентациите на Словенија и на Бугарија.

Од него ќе се очекува да дојде до успех во Европската лига, што значи конечно да се направи чекор напред и да се дојде до титулата.

Top