вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 122 ново

Ким Јонг Ун ги отвори границите: Првиот патнички брод исплови од Северна Кореја и се упати кон оваа земја

Во руското пристаниште Владивосток утрово стигна првиот патнички брод од Северна Кореја со 40 патници, со што е воведена нова редовна поморска линија која ќе поврзува две земји.

Првите патници на бродот, кој синоќа тргна од севернокорејското пристаниште Расон, биле претставници на кинески патнички агенции и руски државјани, а превоз на туристи се очекува следната недела.

Бродот кој има 40 кабини и може да прими 200 патници и околу 1500 тона терет, ресторан, два бара, сауна и сала за забава ќе сообраќа еднаш неделно.

Јапонија изрази загриженост поради покренувањето на првата поморска линија помеѓу Северна Кореја и Русија, најавувајќи дека внимателно ќе го следи ова влијание на развојот на настаните во контекст на напорите да се запрат нуклеарните закани на Северна Кореја.

Помеѓу Русија и Северна Кореја досега не сообраќале патнички бродови. Севернокорејскиот град Расон кој граничи со руската Приморска територија и кинеска провинција Дјилин има статус на специјална економска зона.

Дури и во советско време, кога врските меѓу ССР и Северна Кореја биле поактивни, не постоела теретно-патничка поморска линија помеѓу двете земји.

Сообраќајот меѓу двете земји досега се одвивал по авионски пат помеѓу Владивосток и Пјонгјанг и железница преку станицата Хасан.

Top