сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 60 ново

Ја влечел за коса и удирал со шипка – се скарал со снаата за имот

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.М. (75) од струшкото село Делогожда.

Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, казненото дело го сторил на 2 мај, во 18 часот и 30 минути во дворот од семејната куќа во селото Делогожда.

– Тука настанала расправија со неговата снаа од брат поврзана со имотно-правни недоразбирања. Видно револтиран Е.М. започнал со карање и викање на висок тон, потоа со вербални навреди, а по кратко време ја нападнал снаата со метална шипка и ја влечел за коса, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Неговото агресивно однесување, додаде, било спречено од страна на членови од семејството, кои оштетената ја однеле во Општата болница во Струга.

Top