четврток, 20 јули 2017 | Вести денес: 96 ново

Откриена вистинската причина зошто Ким Јонг Ун често испукува балистички проектили

Северна Кореја често се фали со својата нуклеарна програма и со фактот дека секоја минута некој од нивните проектили би можел да ја погоди речиси секоја точка на Земјата.

Северна Кореја потврди дека во неделата го тестирале новиот вид на проектили, наведувајќи дека станува збор за „стратегиска балистичка ракета – Хвасонг 12 – среден до долг дострел”.

Uwi98MgNiz-konecno-vistinskata-pricina-zosto-kim-jong-un-cesto-ispukuva-balisticki-proektili

Како што наведуваат, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун “лично го надгледувал лансирањето на ракетата од нов тип”. Во светот секој ден расте загриженост бидејќи само за време на оваа година Северна Кореја неколку пати при тестирање истрелуваше проектили.

Шефот на одделот за Кореја и Монголија, на Институтот за ориентални студии на Руската академија на науките, Александар Воронцов, неодамна зборуваше за лансирање на овие балистички ракети. Воронцов истакнува дека со овие тестирања Северна Кореја се обидува да ја осигура сопствената безбедност.

Според аналитичарот, Северна Кореја не може да направи отстапки во однос на ова прашање бидејќи нејзините противници тоа ќе го протолкуваат како слабост и понатаму ќе доведат до зголемување на притисокот врз земјата.

-Тој (Ким Јонг Ун) нема друг избор и сѐ уште се надева дека порано или подоцна ќе постигне услови за нормални преговори (каде Пјонгјанг би можел да зборува). Не од послаба позиција, туку како рамноправен учесник. Од таа причина Северна Кореја ги покажува своите воени способности, изјавил Воронцов.

Со неговите ставови се согласуваат многу политички експерти и сметаат дека во Северна Кореја владее мислењето дека доколку константно спроведувате нуклеарни тестови на тој начин ќе ги обесхрабрите неприајтелите од било каква помисла за напад. Иако ваквите информации нема да бидат потврдени бидејќи само неколку работи излегуваат од оваа изолирана земја – само тоа што самиот врв на земјата ќе дозволи да се пушти во јавност, гледајќи го целиот сплет на околности и случувања од почетокот на годината, со право може да се сомневаме во воените капацитети на Северна Кореја.

sm5V5bbe0K-konecno-vistinskata-pricina-zosto-kim-jong-un-cesto-ispukuva-balisticki-proektili

Познато е дека Северна Кореја се фали со својата нуклеарна програма и дека секој момент некоја од нивните ракети би можела да ја погоди секоја точка на Земјата. Овие закани главно се упатени кон “заколнатиот непријател” Америка, која по нивните зборови, го контролира јужниот дел од корејскиот полуостров и која е најгласна за воените акции против Пјонгјанг.

Но, за тврдењето на функционерите и медиумите во оваа држава дека нивната воена сила е една од најсилните на светот никој не знае колку е точно. Својата супериорност Ким Јонг Ун се обидува да ја покаже и на воените паради кои се одржуваат секоја година, а на кои по улиците гордо парадира со тенкови, армијата, воените возила и ракети.

За интерконтинентални балистички проектили Пјонгјанг тврди дека можат да патуваат илјадници километри, а го подигна и нивото на опасност и страв дека Северна Кореја би можела да ја нападне Америка.

Кога целата ситуација би се земала во предвид – изолацијата на Северна Кореја од остатокот од светот и неможноста да се добијат точни информации од оваа земја , санкциите кои им се наметнати, затегнатите односи со нивните традиционални сојузници, Русија и Кина, со право може да се сомневаме дека барем еден дел од она што оваа земја го претставува во воена смисла е уште еден дел од шоуто за да се заплашат противниците. Сепак, било што, лажно или не, поради недостаток на вистински и веродостојни информации до сега никој не се осмелува да тргне во пресметка со Северна Кореја.

Па по се изгледа вака ќе остане и во иднина. Бидејќи доколку би се утврдило дека таа поседува навистина моќни ракети набрзо би дошло до голем светски конфликт во кој сите страни би биле во загуба и целиот свет ќе биде вовлечен во крвав конфликт. И доколку Американците и нивните сојузници се сигурни дека ќе можат да излезат на крај со владеењето на династијата Ким, тоа би го направиле уште одамна.

точка.мк

Top