среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Mико: Колку долго ќе трае Владата? Одговорот е: Многу кратко време

akt236-rama-zaev-ali-platforma-1

Во саботата, таканаречениот „спикер“ на парламентот, Талат Џафери, беше цитиран како вели: „Нема да молам никого, најмалку Иванов. Моја законска обврска е да чекам 10 дена. Не морам да се молам со никого. Од 20 натаму сè ќе зависи од волјата на мнозинството во парламентот“. Тој го кажа истото и претходниот ден, во петокот. Ден пред тоа, минатиот четврток, СДСМ фактички го кажа истото, споменувајќи „мнозинство“.

На 1 мај, Хојт Ји, заменик-помошник секретар на американскиот Стејт департмент, за медиумите изјави: „…Многу е важно за лидерите да најдат начин да му дозволат на мнозинството во парламентот, коалицијата на членовите во парламентот кои имаат мнозинство…“, пишува во својата колумна Џејсон Мико, менаџер за односи со јавноста од Аризона.

Тој нагласува еден битен момент – во изминатите неколку месеци, албанските партии во Македонија, Зоран Заев и СДСМ и меѓународната заедница, сите ја користеа фразата „мнозинство“ како причина за формирање влада. Доволно фер. Но, Мико, кој е долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа, вели дека треба да се земат предвид неколку поенти:

Miko(1)Прво, претпоставувајќи дека СДСМ и нивните албански партнери од Тирана ќе формираат влада, колку долго ќе трае? „Не засекогаш“ е највистиниот одговор што некој може да го даде. „Многу кратко време“ е најверојатно поточен. Во еден момент во минатото, ВМРО-ДПМНЕ имаше доволно членови во парламентот, мнозинство, што не им требаше коалициски партнер од македонските партии на Албанците. И тоа може да се случи повторно, иако и СДСМ и нивните партнери во меѓународната заедница ќе работат напорно да ја ослабат ВМРО-ДПМНЕ. Но, според Мико тоа веројатно нема да се случи и всушност ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе ги научат лекциите и ќе се вратат посилни од кога и да е. По се, ВМРО-ДПМНЕ, а не наследникот на Kомунистичката партија на Македонија, СДСМ, гарантира за иднината на Македонија. Исто е во Америка со Републиканската партија; тоа е она што го прават конзервативните партии – тие ја чуваат нацијата за идните генерации. Kомунистите, левичарите и прогресивците не го прават тоа – тие само се заинтересирани за личното задоволство и инстант уживањето сега во моментот.

Второ, СДСМ и македонските партии на Албанците можеби имаат „мнозинство“ во парламентот, но факт е дека вистинското мнозинство од македонските граѓани не гласаа за нив. Од околу 1,8 милион регистрирани гласачи, СДСМ и тројцата нивни партнери освоија околу 670.000 гласови. И тоа, момчиња и девојчиња, не е мнозинство од 1,8 милион. Исто така е факт дека мнозинството од македонските граѓани не сакаат тиранска платформа, ниту пак ја сакаат платформата на СДСМ на повисоки даноци… која ќе ја уништи земјата.

Македонските Албанци ја одобрија и поддржаа тиранската платформа од едноставна причина што е создадена да и` користи на нивната и само на нивната заедница. И тука нешто е многу интересно: тиранската платформа не прави ништо за да создаде работни места во приватниот сектор, а последните анкети на Меѓународниот републикански институт покажува дека повеќето македонски Албанци се заинтересирани во создавање работни места, што значи дека има голема неповрзаност меѓу македонските албански лидери и нивните избирачи – ова треба да се набљудува.

Трето, екипата меѓународни лица кои моментно работат на поткопување на Македонија и нејзиното име и идентитетот – амбасадорите на САД и ЕУ кои сега се во Македонија, плус многу разнобојна екипа на ликови кои доаѓаат од ЕУ и Стејт департментот раководен од Обама, нема уште долго да бидат тука. Тие ќе заминат, се надеваат, на поголеми и подобри нешта, богато наградени за нивната работа (некои нема, но всушност ќе изгубат многу). А за нив – тие не се грижат за Македонија и никогаш не се грижеле. Тие се грижат само за нивните работи, нивните репутации, нивните пензии, нивното место во историјата. Доволно фер. Но, тоа е шуплив живот.

Четврто, оваа опсесија со „мнозинството“ всушност ме потсетува на „тиранијата на мнозинството“, кое го базира своето право на владеење на бројки, а не на она што е правилно или одлично. А кога ќе погледнете во платформата на СДСМ, може да видите дека тоа всушност е типична крајно левичарска платформа што не е во допир со мнозинството Македонци, ветувајќи дека всушност многу ќе ја оштети економијата, ќе ја зголеми невработеноста, ќе ја оштети традиционалната фамилија и ќе ги повреди односите на Македонија со нејзините соседи. И тоа е без тиранската платформа, која нема да направи ништо за да и` помогне на Македонија и всушност ќе работи на поткопување на суверенитетот на земјата.

Целата колумна прочитајте ја на dnevnik.mk

Top