недела, 25 јуни 2017 | Вести денес: 67 ново

Јајца врз косовската амбасадорка во САД (видео)

Албанка во Денвер, САД, ја нападнала косовската амбасадорка Вљора Читака. Според информациите, се работи за активистка на движењето Самоопределување. Инцидентот се случил за време на предавање на универзитет. Амбасадорката преку социјалните мрежи напишала дека е нападната во присуство на поранешниот амбасадор Кристофер Хил, којима долг стаж на Балканот.

Нападот се случил откако активистката Влерта Вдили поставила прашање за смртта на Астрит Дехари, притоа искажувајќи низа обвинувања, пренесуваат косовските медиуми.

-Ти си криминалец и убиец- викала Вдили додека фрлала јајца врз амбасадорката.

Top