вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 0 ново

Специјален обвинител ќе ги истражува врските на Трамп со Русија

Новиот специјален обвинител за истрага за руска вмешаност во американските претседател Роберт Мулер бил на чело на ФБИ 12 години, за време на мандатот на Џорџ Буш и Барак Обама. Директорите на ФБИ остануваат на должност по 10 години, ама Мулер, наименуван од Буш помладиот во 2001 година, останува на чело на агенцијата до 2013 година на барање на наследникот Обама.

Мулер кој има 72 години, го презема ФБИ само неколку недели пред терористичките напади на 11 септември 2001 годинаиако целиот мандат ја продолжи и борабата  против организираниот криминал, Мулер го престрои ФБИ така што главна задача му стана борбата против тероризмот.

Поранешниот маринец и дипломец од три американски универзитети по право и меѓународни односи, по заминување од агенцијата станува професор на Стенфорд, а лани е именуван за медијатор по тужбите на потрошувачите против Фолксваген заради лажните податоци за емисијата на штетни гасови.

rod rozenstajn

Заменикот министер за правда Род Розенштајн го именуваше Мулер за специјален обвинител бидејќи сметаше дека тоа е во интерес на јавноста.

-Мојата одлука (да именувам специјален обвинител) не е доказ дека постои дело или дека е подигната било каква тужба. Одлучен сум во тоа дека посебен обвинител е потребен за да американскиот народ има целосна доверба во исходот од истрагата- рече Розенштајн кој е надлежен за истрагата за наводни руски мешања во изборите откако министерот за правда Џеф Сесионс се иззеде од случајот заради можни судири на интересите. Именувањето на Мулер би требало да обезбеди непристрасност и независност на истрагата.

До именување дојде по се погласните барања меѓу кои и од членов на конгресот за независна истрага за наводни руски напори да влијаат на исходот од американските претседателски избори минатата година во корист на Трамп, а на штета на Хилари Клинтон.

komej

Притисоците врз Трамп околу вмешаноста на Русија пораснаа откако минатата недела тој го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Комеј, кој започна истрага по ова прашање. Трамп, според медиумите,  го притискал Комеј да ја прекине истрагата против неговиот поранешен советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој сепак мораше да го отпушти откако беше откриено дека Флин ги премолчал своите контакти со рускиот амбасадор во Вашингтон за време на претседателската кампања. Њујорк Тајмс објави дека Трамп знаел дека Флин е под истрага и пред да го назначи за советник, но сепак го сторил тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top