четврток, 20 јули 2017 | Вести денес: 96 ново

Осумнаесет лица повредени во автобуска несреќа во Турција

nesreka

Шестнаест странски туристи и двајца Турци се ранети во автобуска несреќа денеска во југозападна Турција, на патот Мугла-Денизли.

Портпаролката на руската Амбасада во Анкара, Ирина Касимова изјави дека повеќето од ранетите се Украинци, а не жители на Русија како што претходно беше соопштено.

Ранетите се сместени во околната болница.

Автобусот патувал од Денизли за Мугла и бил управуван од турски возач.

Во тек е истрага за причините за несреќата.

Top