вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 126 ново

Нов голем инцидент фрли црна дамка на грчкиот фудбал, тренерот на ПАОК погоден со лименка пиво (видео)

paok trener

Голема црна дамка врз грчкиот фудбал фрли новиот инцидент што се случи на натпреварот од плеј-офот на грчката Суперлига помеѓу Панатинаикос и ПАОК во Атина. Имено, тренерот на гостите од Солун, Србинот Владимир Ивиќ беше погоден со лименка од пиво во главата среде натпревар. Ивиќ веднаш беше пренесен во болница, а натпреварот прекинат под итна постапка.

Ден подоцна Ивиќ и натаму е во болница, а на грчкиот фудбал му се закануваат нови казни, можеби и изолација. Натпреварот е прекинат во 54. минута при водство на „детелинките“ од Атина со 1-0.

Пред неполн месец во Волос, големи инциденти се случија во финалето на Купот на Грција меѓу ПАОК и АЕК.

Top