петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 111 ново

Казна тешка 110 милиони за „Фејсбук“

Европската комисија го казни Фејсбук со 110 милиони евра поради неправилности при преземањето на сервисот „Ватсап“ (WhatsApp) во 2014 година.

Во соопштението на Европската комисија се нагласува дека најголемата социјална мрежа на светот дала погрешни информации за процесот и дека казната, која ја изрекла е пропорционална и има за цел спречување на натамошни слични постапки.

Во текот на проверката е утврдено дека „Фејсбук“ точно ги информирал надлежните комисии дека не може автоматски да се поврзат профилите на корисниците на „Фејсбук“ и „Ватсап“, но подоцна се потврди дека тоа е можно и оти „Фејбук“ тоа го сторил.

– Технички можности за тоа постоеја и во 2014 година и „Фејсбук“ тоа го знаеше, заклучи ЕК.

„Фејсбук“ се бранеше дека грешките биле ненамерни и дека тоа на ниту еден начин негативно не влијаело на процесот на преземање. Казната требала да биде еден отсто од нивниот профит и тоа изнесуваше 276 милиони евра, но заклучено е дека ФБ бил кооперативен во текот на истрагата и казната е намалена.

Top