петок, 25 мај 2018 | Вести денес: 73 ново

Постигнат компромис за изборите во Албанија

Албанските политички партии постигнаа компромис за изборите следниот месец, по интензивното посредување од страна на висок американски претставник.

По тричасовниот разговор премиерот Еди Рама од владејачката Социјалистичка партија и Љуљзим Баша од главната опозициска Демократска партија изјавија дека постигнале спогодба.

Американскиот заменик-помошник државен секретар Хотј Брајан Ји им даде во понеделникот предлог од европските пратеници како база за преговорите.

Двајцата лидери изјавија по средбата дека деталите од спогодбата ќе бидат дефинирани во следните 24 часа.

Спогодбата, веројатно, ќе ги одложи парламентарните избори, кои се закажани за 18 јуни.

Опозицијата ја бојкотира работата на парламентот од февруари и одби да се регистрира за изборите, тврдејќи дека кабинетот на Рама ќе врши нерегуларности на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top