среда, 20 септември 2017 | Вести денес: 5 ново

Охридската цреша стана македонски бренд

ohridskata

Охридската цреша е првиот македонски производ со заштитена географска ознака, односно стана национален бренд според новиот закон. Субвенциите за брендирањето и на други производи изнесуваат до 300.000 денари, а постапката можат да ја спроведуваат само група на производители.

Земјоделската задруга „Охридска черешна“ ја доби географска ознака за сортата Охридска цреша. Ова е прва постапка според новиот Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи.

Според правилата таа мора да има еднаков квалитет во однос на големината и на бојата, и да биде одгледувана со исти агротехнички мерки. Пакувањето да е во гајби на кои мора да стои националниот знак за заштитена георафска ознака.

Досега има 20 земјоделци кои годишно произведуваат скоро 3,5 тони Охридска цреша. Продажната цена на ова овошје е од 70 до 100 денари за килограм, а приносот по хектар е од 18 до 20 тони.

Барање за заштита на некој производ можат да поднесуваат група на производители или преработувачи кои се занимаваат со производство на ист земјоделски или прехранбен производ. Државата обезбедува финансиски олеснувања односно, субвенција од 80 проценти од вредноста на постапката за брендирање, но не повеќе од 300.000 денари.

Top