среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 42 ново

Храна која помага при справување со алергии

Времето надвор станува сè поидеално за шетање, но за жал со него доаѓа и сезоната на алергии. Еве неколку типови храна кои е пожелно да ги додадете на вашата алергиска терапија за да можете да уживате во убавините на природата.

1) Боровинки

Кога доаѓаме во контакт со алерген како поленот, нашиот имунолошки систем ослободува хистамини – состојки кои предизвикуваат воспалувачки алергиски реакции како чешање и отекување, бидејќи телото мисли дека не заштитува од патогените.

Боровинките го содржат антиоксидансот кверцетин, за кој што разни истражувања покажале дека ги блокира хистамините и ги намалува алергиските симптоми.

2) Јогурт

Околу 20 студии покажале дека пробиотиците (со кои што јогуртот изобилува) се поврзани со подобрување на вообичаените алергиски симптоми како кивањето. Тие имаат потенцијал да ги спречуваат токсините и лошите бактерии да влезат во крвотокот со тоа што ја заштитуваат поставата на стомакот.

3) Сос од домати

Сосот од домати е концентриран извор на антиоксиданси како витаминот А, кој кога е во храната, помага при ослободување на клетки кои помагаат во спречување на алергиски реакции. Покрај тоа, многу свежи плодови содржат мала количина полен – дури и откога ќе ги измиете – кои можат да предизвикаат одредени симптоми. Во случај на доматниот сос, тоа е невозможно бидејќи поленот се уништува во процесот на готвење.

4) Туна

Омега-3 масните киселини во туната играат голема улога во произведување на состојки кои ги намалуваат алергиските симптоми и се борат против воспалувања од различен вид.

Top