петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 83 ново

Абдурахими: Му честитам на Пелистер за титулата, пеналите се лотарија

abdurahimi

Фудбалерите на Шкенидја во финалето на Купот на Македонија се поразени од битолски Пелистер со 3-4 по изведувањето на пеналите, откако регуларниот дел и продолженијата завршија со почетните 0-0. По натпреварот македонскиот репрезентативец, Бесарт Абдурахими изјави:

– Беше еден тежок и тврд натпревар. Двете екипи се обидуваа да не остават простор за противниците. Кога влеговме во продолженијата се виде дека и двете екипи се подготвуваа за пеналите. Пелистер имаше повеќе среќа, иако ние одигравме одлични 120 минути. По мене пеналите се лотарија и на крајот треба само да ја честитаме победата на Пелистер.

Пелистер и Шкеднија наредната сезона ќе бидат наши претставници во Лигата на Европа.

Top