петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 111 ново

Ненадејно почина Крис Корнел, водачот на групата „Саундгарден“

Американскиот музичар, пејач и текстописец Крис Корнел кој се прослави како вокал и ритам гитарис на групите „Саундгарден“ и „Аудиослејв“ почина во 53. година од животот, јави „Асошијтетед прес“.

1531858872591d51020b041869873150_v4_big (2)

Веста ја соопшти портпаролот на Корнел, Брајан Бамбери, кој додаде дека музичарот починал во средата навечер во Детроит.

Причината за смртта уште не е позната.

Корнел беше еден од водечките вокали на движењето гранџ од 90-те години на минатиот век, од кое произлегоа најголемите бендови од Сиетл, како „Нирвана“, „Прл Џем“ и „Алис ин чејнс“.

 

Top