петок, 23 јуни 2017 | Вести денес: 14 ново

Вулин му одговори на Заев: Не барај оправдување за сопствените проблеми во Србија

vulin

Министерот за труд, вработување, борaчки и социјални прашања Александар Вулин им порача на македонските и на друи политичари од регионот да не бараат оправдување за сопствените проблеми во Србија.

-Србија не е оправдување за чии било проблеми, таа може да биде само фактор на стабилност и да помогне – им рекол Вулин на новинарите во Белград.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев кој го доби мандатот за состав на нова влада, претходно извјави дека е непријатно на кој начин Србија ги коментира настаните во Македонија, но додал дека ќе се труди да има добри односи со официјалните власти во Белград.

-Гледајте, Вучиќ ја водеше кампањата и, буквално, во секој настап зборуваше за македонско сценарио. За жал, тоа мене ми беше непријатно да го слушам, тоа како наш сосед зборува за Македонија – рекол Заев во интервју за регионалната ТВ „Н1“.

Вулин одговори дека е непријатно да слуша грди зборови за српскиот премиер Александар Вучиќ, додека сите пораки од Србија се смирувачки.

-Односот на Вучиќ кон Македонија како премиер и како претседател на државата ќе биде максимално добрососедски и со желба Македонија да биде стабилна, но ги молиме сите македонски политичари и политичарите во опкружувањето да не бараат оправдување за сопствените проблеми во Србија – рекол Вулин.

Тој додал дека Македонија минува низ тешки проблеми, а дека Србија добронамерно ја зборува вистината за да се подобри состојбата во Македонија.

Top