вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 122 ново

Актерката која има пет деца е пред банкрот

Иако имаше улоги во многубројни холивудски филмови, актерката Тори Спелинг најмногу е запаметена по улогана на Дони во култната серија „Велерли Хилс“.

Сепак, последните неколку години наместо актерски проекти, поранешната ѕвезда го привлекува вниманието на медиумите со турбулентните детали од приватниот живот.

По приказните дека сопругот Дин Мекдермот ја изневерувал, како и оти поради сексуална зависност завршил на лекување, сега на ред дојдоа големите финансиски проблеми.

Според американските медиуми, државата им ги испразнила сметките на познатиот брачен пар, а причината се неплатените сметки за данок кои изнесуваат скоро шест милиони долари. Наводно, голема сум должат и на Американ Експрес.

Имајќи предвид брачниот пар има пет деца, овој проблем се чини дека не е така мал, особено заради тоа што сопружниците се навикнати на угоден живот.

Top