петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски: Кривичната пријава е политички монтиран случај

Кривичната пријава е поднесена против мене за нешто за коешто воопшто не сум бил актуелен во тој период, моето именување се случи од септември 2016 година, вели првиот човек на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски за ТВ Нова, во коментар за кривичната пријава за загадување на животната средина што против него ја поднесе здружението „За нас се работи“.

Тој додаде дека станува збор за политички монтиран случај против него во отсуство на други реални аргументи.

– Да оставиме Основното јавно обвинителство да си ја заврши својата работа и тие да кажат дали е основано или не. Јас можам само да заклучам дека станува збор за груб атак и обид за нарушување на мојот личен интегритет и авторитет- истакна Мицкоски.

Top