среда, 21 февруари 2018 | Вести денес: 42 ново

Демонстрантите во САД се степаа со обезбедувањето на Ердоган (Видео)

Девет лица се повредени, а две уапсени, после судирот пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон.

Портпаролот на противпожарната служба во Вашингтон, Даг Бјукенон, изјави дека две лица се потешко повредени и пренесени во болница.

Телевизиската мрежа ЕН-БИ-СИ објави дека Ердоган во тој момент се наоѓал во резиденцијата.

Судирите избија вчера, само неколку часа по средбата меѓу Ердоган со американскиот претседател Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top