недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 74 ново

Дневник: СДСМ наследува полн буџет од 180 милиони евра кеш, во 2006-та ВМРО-ДПМНЕ наследи 1 милион евра

Доколку оваа недела СДСМ формира влада, овонеделниот пресек според информациите од министерството за финансии покажува дека СДСМ наследува полн буџет од над 180 милиони евра. Тоа се пари расположливи за трошење веднаш и инвестиции во разни развојни проекти

evra i denari

Од почетокот на годината собрани се 57 милијарди денари од даноци и придонеси. Собрани се и 5 милијарди денари неданочни добивки.

Приходната и расходната страна се урамнотежени. Дефицитот е речиси анулиран и се движи околу 1 процент.

Во 2006-та година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт околу три милиони евра предвидени за годината веќе биле платени трошоци од над два милиона евра. Остатокот од околу еден милион евра бил планиран за плати, наемнини и за надоместоци. Ова значи дека Владата немаше пари за плаќање на другите финансиски обврски, кои се натрупале во изминатите месеци. Причина се, како што пишуваше „Дневник”, многуте судски решенија за присилна наплата на долгови кон фирми и граѓани направени изминатите години.

Кон крајот на август 2006-тата година по присилната наплата на доспеани долгови направени пред 2006 година сметката на Владата беше блокирана откако се активирале две решенија за присилна наплата на долг од околу 422.000 евра, побарување кон вработени од јавното претпријатие ГА-МА.

Top