вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 111 ново

Кумановец му реагирал на возач за брзото возење, овој му се вратил и го нагмечил со автомобилот

pol

Кумановец пријавил во полиција дека вчера попладне во него со автомобил удрил возач на кој претходно му изреагирал затоа што движејќи се со голема брзина за малку ќе прегазел дете.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, И.П. (31) од населбата Јане Сандански во СВР Куманово пријавил дека вчера околу 17:50 часот непознат сторител со патничко моторно возило „Фолксваген Поло“ со кумановски регистарски ознаки со многу голема брзина ќе прегазел дете, при што изреагирал и му викнал.

Во тој момент возачот со возилото наназад тргнал кон И.П., при што го удрил во пределот на стомакот, го турнал на земја и го притиснал со возилото до бетонска ограда. После тоа излегол од возилото, ги собрал скршените делови од возилото и си заминал од местото.

Еден час подоцна во СВР Куманово сам се пријавил возачот, Е.П. (27) од населбата Јане Сандански.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Top