петок, 22 септември 2017 | Вести денес: 0 ново

Фифи: Нема повеќе да ве толерирам кога ми се обраќате во машки род

fifi1

Филип Јаневски-Фифи, односно Трансродовата пејачка Фифи која веќе извесен период живее во Шведска, денеска, на Меѓународниот ден на борбата против хомофобија, трансфобија и бифобија им се обрати на сите пријатели кои не сакаат да ја прифатат нејзината определба, желба и одлука. На својот фејбук профил напиша:

fifi

Денес на овој прекрасен ден за борба против Трансфобијата и Хомофобијата ќе се обратам на сите вас кои сте ми поблиски пријатели, пријатели, дел од фамилија и оние кои дружите со мене од многу мала возраст.
Сакам сите вие да знаете (и знам дека знаете), дека во животов до сега претрпев многу срања и повеќе ништо не толерирам, доколку нешто не ми одговара истото го сечам и фрлам од животов за секунда. Од денес јас јавно и официјално повеќе нема да почитувам и толерирам воопшто никој од вас , кој наоѓа некои изговори како што се (се знаеме од многу оддамна, израснавме заедно и сл.) за да ми се обраќате во машки род. Јас знам дека тоа го правите и позади мој грб, дали наводно ќе се збуните па поправите, или пак така ви одговара не знам, но тоа што знам, и сигурно ви го кажувам сега, е дека сите кои не ми се обраќате во женски род и позади мојот грб немој да мислите дека не знам, па сите знаеме дека не сум будала 😉 Немој да се чудите ако не слушнете од мене или не слушате од мене и ако не ви одговарам на пораки. Немој да ве чуди зошто ме нема и зошто ќе ве одминам и нема да ве погледнам кога ќе дојдам на посета во Македонија. Значи нема компромис ни оправдување никакво! Или ќе ми се обраќате како што треба, или Чао журим!
Имајте љубов ден 💖

Top