вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 114 ново

Од јуни Меланија Трамп ќе живее во Бања Лука (ВИДЕО)

Првата дама на САД Меланија Трамп следниот месец ќе добие свој споменик во босанскиот град Бања Лука, пишува „Сараево тајмс”.

Гипсената статуа на госпоѓата Трамп, изработена во природна големина, ќе биде откриена спроти зградата на фабриката за обувки „Бема“ на 20 јуни годинава.

Иницијативата за нејзино поставување е на директорот на претпријатието. Неговата цел е, како што вели, да привлече внимание кон градот и да придонесе за подобрувањето на односите помеѓу Вашингтон и Сараево.
Ние се надеваме во иднина од САД да добиме пријателство, наместо оние бомби што српскиот народ ги доби од Бил Клинтон, нагласил тој.

Неговата компанија и испрати и обувки од својата линија на американската прва дама, по повод изборот на Доналд Трамп за претседател.

Меланија Трамп е родена во 1970 во Словенија, која тогаш беше во република во составот на СФРЈ.

Top