петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 74 ново

Папата доби дрес од Јувентус, но во финалето ќе навива за Реал Мадрид

papa dres

Делегација на Јувентус како финалист на Купот на Италија вчера беше свечено примена во Ватикан од страна на Папата Франциск, кој за подарок доби и дрес од „старата дама“.

Како што јавуваат медиумите, Франциск на фудбалерите на двата тима им порачал дека „имаат одговорност да бидат добар пример на младите луѓе и да шират вредности како хуманост, лојалнот и искреност“.

Папата Франциск важи за голем љубител на фудбалот и во својата татковина е приврзаник на екипата на Сан Лоренцо. Иако искажал благодарност за дресот на Јувентус, тој не крие дека омилен клуб во Европа му е Реал Мадрид, уште од времето кога дресот на „кралевите“ го носеше Ди Стефано, најголемиот фудбалски идол на Франциск.

– Папата е благодарен за дресот на Јувентус, но се знае за кого ќе навива во финалето од ЛШ. Впрочем, тој ќе го гледа мечот во Кардиф облечен во бело – на шега коментираат во Ватикан, а пренесуваат италијанските и шпанските медиуми.

Top