четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 101 ново

Десет собраќајки во Скопје изминатите 24 часа, три лица повредени

soobra

На подрачјето на СВР Скопје вчера се случиле 10 сообраќајни незгоди, во кои две лица сe потешкo и едно е полеснo повредено. Во седум од 10-­те сообраќајки причинета е само материјална штета.

Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци. Кај 25 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница, осум возачи за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, како и кај седум возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци.

Санкционирани се четворица возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 50 возила.

Top