среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 56 ново

Не може да најде работа: Има дипломи од три факултети, а 30 пати ја одбиле

Има 30 години и три дипломи од различни факултети, досега 30 пати е одбиена за работа.

Хрватката Ивес Водановиќ Лукиќ дипломирала уметност, компаратива книжевност и географија, но не може да најде работа.

Таа многу вложила во себе, но е несреќна затоа што нејзиното знаење никому не му треба.

На било кој оглас и да аплицира, или е одбиена или нема повратен одговор.

„Кои се причините за одбивање? На еден оглас тоа беше доказ за познавање на англиски јазик и ми пишуваат дека не ми се признава ТОЕФЛ, а тоа е меѓународен сертификат кој се признава секаде. Го признава Оксфорд, но не и секторот за туризам во градот Загреб – вели таа.

Додава дека е очајна затоа што уште од средно училиште знаела што сака да студира, да работи, но тоа не се вреднува.

Top