петок, 18 август 2017 | Вести денес: 33 ново

Марија Шарапова нема да игра на Ролан Гарос

Русинката Марија Шарапова не доби вајлд – карта за настап на гранслем турнирот „Ролан Гарос“, кој е прв турнир по нејзиното враќање на терените по 15-месечната суспензија поради користење на недозволени стимулативни средства.

Претседателот на Француската тениска федерација, Бернард Гиудичели Ферандини, истакна дека Шарапова не може да добие специјална покана за настап на овој турнир, и покрај нејзиното завидно минато.

– Никој не може да ги побие нејзините две титули на Ролан Гарос, но, според правилата, ние не можеме да и дадеме вајлд – карта за настап на годинашното издание на Ролан Гарос. Таа имаше суспензија од 15 месеци, и ако има вајлд – карти за тенисер(к)и што се враќаат по повреди, нема начин да се даде вајлд – карта за тенисер(к)и кои се враќаат по суспензија поради допинг – изјави Бернард Гиудичели Ферандини.

Top