недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 74 ново

Вработен во ЕП силувал кучиња, а снимките ги споделувал на интернет

Обвинетиот е доброситуиран загрепчанец, вработен во Европскиот парламент, кој воедно е и сопственик на фирма регистрирана за одгледување и продажба на кучиња. Своите кучиња наводно ги силувал од 2009 година

kucinjaПоради сомение дека физички и секусално злоупотребувал две кучиња, мажјак и женка, за 41-годишен загрепчанец, кој е уапсен во 2015 година, е подигнато обвинение и наскоро треба да започне судење во Општинскиот казнен суд во Загреб. Обвинителството бара да биде осуден на една година затвор.

Случајот бил случајно откриен, кога била спроведена акција против педофил. Тогаш му билодреден притвор.

Обвинетиот е доброситуиран загрепчанец, вработен во Европскиот парламент, кој воедно е и сопственик на фирма регистрирана за одгледување и за продажба на кучиња. На соседите им изгледал како човек што многу се грижи за своите миленичиња, Но, според соменжите, човекот ги силувал и физички ги исцрпувал своите родезиски риџбек, а настраностите ги фотографирал и фотографиите ги споделувал на интернет.

Наводно, сево ова траело од 2009 година. Во една од пораките опишал дека се обидува со кучињата да воспостави садо-мазо однос. За да го намали отпорот на животните, не им давал храна и вода.

За овој вид кучиња се заинтересирал уште во деведесеттите години, па набрзо купил еден со кој учествувал на натпревари и постигнувал добри резултати.

 

Top