сабота, 22 јули 2017 | Вести денес: 60 ново

Запален џип зад „Три бисери“

Ноќва околу полноќ во ЕИК Скопје било пријавено дека зад ТЦ „Три бисери“  непознати лица на непознат начин опожариле џип „мерцедес“ со скопки регистарски ознаки, сопственост на Т.Ѓ. (46) од с.Марино.

Од пожарот било зафатено и комбе „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Љ. од Скопје. Џипот бил целосно опожарен, додека на комбето бил зафатен само еден дел.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Top