недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 74 ново

Грчкиот Парламент утре ќе решава за санкции кон пратеникот на Златна зора

zora

Грчкиот Парламент утре на пленарна седница ќе решава за санкции кон пратеникот на Златна зора, Илијас Касидиарис, а можеби и кон други пратеници на партијата, откако тој вчера се судри со пратеникот на Нова демократија Никос Дендиас.

Како што јави допсиникот на МИА од Атина, Касидиарис може да биде исклучен од парламентарна дебата за нацрт-законот за новите економски мерки која ќе заврши в четврток навечер.

Ако биде исклучен, ќе се смета за отсутен и нема да има право на глас за законот. Денеска кај претседателот на грчкиот Парламент ќе се одржи и состанок на кој ќе се разговара за инцидентот.

Тоа што Касидиарис вчера беше отстранет од седницата значи дека ќе изгуби половина месечна плата и ќе биде изведен пред комитетот за етика на парламентот.

Златна зора поднесе тужба против одлуката и повика таа да се повлече.

Дендиас вчера помина пред Касидиарис додека зборуваше за законот за новите мерки, на што пратеникот на Златна зора бурно изреагира, а тоа потоа предизвика редица помали инциденти во собраниската сала.

Top