недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 74 ново

Македонија во ТОП 10 земји најевтини за живот според „Тајм“

Во листата ТОП 10 најевтини земји се најдоа: Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија

prodavniciМакедонија според американскиот магазин „Тајм“ е во десетте земји каде што е наевтино да се живее.

Земјава е рангирана како 10 од 50 рангирани земји и заедно со Косово се најевтини за живот во регионот.

Босна и Херцеговина е рангирана како 11-та, Србија на 18-то место, Црна Гора на 26-то место. Од регионот Словенија е на 36-то,а Хрватска на 47 место.

Во ТОП 10 најевтини земји се најдоа: Јужна Африка, Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казахстан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.

Магазинот ги рангира змјите според индексот на локалната куповна моќ, висината на закупот на недвижностите, цената на намирниците и индексот на малопродажните цени, а резултатите се споредувани со стандардот на животот и цените во Њујорк.

Според објаснувањето за Македонија пишува дека локалната куповна моќ е за 49 отсто пониска, киријата е 94 отсто поевтина, продуктите се за 73,3 отсто поевтини, а локалните добра и услуги исто така се поевтини за 68,6 отсто.

Top