среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Харадинај пак се закани: Aко САД не можат, ние сами ќе ја „завршиме работата” со Србија

haradinaj

Поранешниот лидер на УЧК, Рамуш Харадинај повторно се закани до Србија и ги повика западните сили да имаат поактивна улога во регионот.Тој нагласи дека сами ќе ја „завршат работата” со Србија ако САД не се вратат на Балканот.

– Вашингтон е добар во завршување на работата меѓу Косово и Србија.Ако тие не дојдат да помогнат не можеме само да чекаме туку сами да ги одбработиме нашите обврски. Брисел треба да одлучи дали може.Јас верувам дека тоа не можат да го сторат-вели Харадинај.

Тој не може да се помири што според уставот на Србија, Косово е дел од нивната територија.

–Запомнете, Србија се уште го има Косово во нејзиниот устав. Ако не го тргнат, зошто и да немаат точка во Уставот и за раселените луѓе од албанските земји кои некогаш биле таму, додава Харадинај.

Top