недела, 22 април 2018 | Вести денес: 0 ново

Пет кривични пријави против поранешни градоначалници

ojo

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила пет кривични пријави против поранешни градоначалници. ­

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице, соопшти денеска обвинителството.

Кривичните пријави, како што информираат, се поднесени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно ­приватно партнерство“ од член 275-­в од Кривичниот законик.

Од Обвинителството посочуваат дека кривичните пријави се проучуваат за донесување натамошна јавно обвинителска одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top