вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 134 ново

Пијан Грк излетал од патот, завршил во канал кај Битола

Едно лице е тешко повредено во сообраќајната незгода што се случила вчера во 06.00 часот на патот Битола – ГП „Меџитлија“, во близина на крстосницата кај индустриска зона „Жабени“.

Како што информираат од МВР, до сообраќајката дошко кога К.В. (61) од Република Грција, управувајќи со автомобилот „нисан примера“ со грчки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот во канал за атмосферска вода.

По незгодата на К.В. му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Битола, а по извршеното алкотестирање над возачот, констатирано било присуство на 1,35 промили алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top