недела, 28 мај 2017 | Вести денес: 74 ново

Попоски во Пекинг на форумот „Еден појас, еден пат“

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, учествува на форумот „Еден појас, еден пат“ што се одржува во Пекинг.

Форумот е посветен на аспектите на реализацијата на кинескиот проект „Еден појас, еден пат“ насочен кон инфраструктурно поврзување на Азија, Европа, Блискиот Исток и Африка, со кој досега се опфатени 65 земји.

poposki 2

Учествуваат 28 шефови на држави и влади, како и голем број високи претставници на држави и меѓународни организации.

poposki

Се очекува Попоски да ги елаборира ставовите и приоритетите на Република Македонија во контекст на овој проект, како и натамошната билатерална соработка со Народна Република Кина.

Top