четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 85 ново

Гламур и сјај за Путин и Ердоган: Погледнете како изгледала вечерата на економскиот форум во Кина

vecera

Пекинг деновиве е економски центар на светот бидејќи таму се одржува форумот „Еден појас – еден пат“ на кој присутствуваат голем број на светски лидери меѓу кои се и Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

По овој повод Кинезите и тоа како се потрудиле, па дописниците оттаму пренесуваат дека дури и улиците на градот се украсени за посетителите. Дека срдечните домаќини не оставаат ништо на случајот, сведочат и фотографиите направени пред почетокот на вечерата која претседателот на Кина ја организирал за сите гости на форумот.

3

Организацијаа била доведена до совршенство, буквално секоја чинија имала различен вез, секоја лажица и вилушка и нож морале да бидат поставени милиметарски прецизно и точно оддалечени една од друга.

1

Келнери имало точно толку колку што имало и гости, а претежно младата послуга била подготвена да ги исполни сите барања на гостите.

2

На масите дел како дел од декорот биле и кинеските скулптури, а домакинот на форумот сепак не сакал да открие колку го чинел овој гламур. Судејќи според тоа што може да се види на фотографиите, нема дилеми дека Кинезите знаат да ги испочитуваат своите гости.

5

По свечената вечера за гостите била организирана и кинеска опера која била одржана во Народниот дом.

4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top